Суспендираниот шеф на вишото скопско обивнителство Мустафа Хајрулахи, е обвинет дека се заканувал и вршел психичко насилство врз пет жени вработени во обивнитерлство . Понижувањето и заканите траеле повеке од една година, а целта му била да им нанесе душевна болка информираа од штипското обвинителство кое го гони за две дела: малтеретирање во вршење на службата и злоупотреба на службената положба.
Користејќи ја неговата службена хиерархиска надреденост, во повеќе наврати грубо им се заканувал дека има моќ и може веднаш да ги избрка од работа, дека „ќе ги дигнел на клоци“, „ќе ги фрлел од 6-ти кат“, „ќе ги ставел во притвор и под посебни истражни мерки“. Дел ги навредувал дека „му го грделе обвинителството“ и им забранувал да комуницираат меѓу себе и со други вработени, велат од ОЈО Штип.
Откако жртвите побарале заштита и итни мерки од обивнителството и советот на јавни обвинители Хајрулахи ги повикал насамо во неговата канцеларија, се обидел да ги принуди да напишат писмени изјави дека биле изманипулирани, велат од обвинителството.
Притоа, им се заканувал дека ќе им поднесе тужби за клевета со барање за отштета од 100.000 евра, велејќи им дека тој може да влијае на сите судии и адвокати, дека имаат деца на кои треба да мислат и дека ќе ги изгубат работните места. Откако ќе одбиеле да потпишат таква изјава им поведувал дисциплински постапки и ги прераспоредувал на работни места во обвинителството, додаваат од ОЈО Штип.
Две од оштетените кои не можеле да го издржат континуираниот притисок и закани, чувствувајќи страв напишале изјави со содржина по негово барање.
На состанок во октомври лани, пред сите вработени ги исмевал и понижувал службеничките а од останатите побарал да напишат изјави во кои ќе го опишат каков е тој како шеф. Како резултат на ваквото деградирачко и понижувачко однесување, една од вработените се разболела и добила анксиозно растројство, стои во соопштението
Обвинителството го товари Хајрулахи заедно со обвинителот Јован Цветановски и за злоупотреба при распределба на предмети. Дописите и пријави кои стасувале во обвинителството Хајрулахи барал од обвинителкиот службеник да не бидат заведени истиот ден или редоследно, туку неколку дена подоцна. Истовремено барал од службениците тие предмети директно „без многу галама“ да бидат доделувани на Цветановски, велат од обвинителството
За кои предмети станува збор не пишува во соопштението но според обвинителството во тие предмети двајцата обвинители работеле незаконски, пристрасно и субејктивно надвор од рамките на своите надлежности, а со намера да овозможат друг да се стекне со имотна корист, со што потешко ги повредиле правата на странките во неколку постапки.
Обивнетите обвинители ги отфрлаат обвинувањата. Хајрулахи негира дека малтретирал вработени и дека местел предмети. Тврди дека станува збор за конструкција, а целта е блокирање на предметот со Бониусите на СЈО.
Разочаран сум од тоа што за обвинението дознав од медиумите, бидејки обвинителството не смогна сила да ме повика да дадам исказ . Жално е и што се уште не ни е доставено. Кога ќе го видам ќе се произнесам подетално, порача обвинителот Јован Цветановски.
Против Хајрулахи и Цветановски се води и Диспилинска постапка.
Елена Ивановска Мукоска
