Вести Најважни Свет

Кос жестока по навредите на Вучиќ: „Имаме проблем во Белград“

Еврокомесарката за проширување, Марта Кос, жестоко реагираше на изјавите на Александар Вучиќ, кој членовите на Европскиот парламент што присуствуваа на протестот во Нови Сад ги нарече „олош“. Според Кос, ваквиот однос кон европските претставници открива „сомнително разбирање на демократијата“ и дополнително го нарушува меѓународниот углед на Србија.

  • Имаме проблем во Белград. Кога европратениците се навредуваат на таков начин, тоа ја доведува во прашање демократската зрелост на една земја кандидат, изјави Кос по средбата со шефицата на австриската дипломатија, Беате Мајнл-Рајзингер.

Таа потсети дека српските власти имаат обврски преземени пред Европската комисија, кои вклучуваат независно судство, слободни медиуми и фер изборни правила.

Паралелно, петмина највисоки претставници на Европската зелена партија упатија писмо до Урсула фон дер Лајен, Роберта Мецола и Антонио Кошта, барајќи од институциите на ЕУ јавно да го осудат однесувањето на Вучиќ. Тие предупредуваат дека неговите навреди, закани за кривично гонење и кампањи на дезинформации претставуваат директен напад врз демократските вредности.

  • Европската унија не смее да молчи пред авторитарната реторика и заплашувањето. Ова е удар врз европската демократија и врз аспирациите на граѓаните на Србија,“ се наведува во заедничката изјава на Зелените.

Лидерите на партијата потсетуваат дека поддршката за мирни протести е темел на секое демократско општество.

Употребата на сила против српските демонстранти тема на пленарната седница во Стразбур

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе