Вести Македонија Најважни

Обвинителството истражува – Винчини најавува рестарт по катастрофалниот пожар

Јавен обвинител од Кочани го почна увидот во најголемата фабрика за производство на кондиторско-пекарски производи „Макпрогрес Винчини“ во Виница. Увидот почна два дена по пожарот, бидејќи во дел од фабриката се уште има жаришта коишто тлеат. Од обвинителството денеска информираат дека увидните дејствија ќе продолжат и наредните денови.

-Поставени се противпожарни возила за заштита на плинската станица, која не беше зафатена од огнот. Во текот на утрешниот ден на увид на лице место е повикано и вешто лице – електроинжинер. Во меѓувреме, обезбедени се снимки од видео надзор и се преземаат други дејствија за испитување на настанот, се вели во соопштението од Обвинителството.

Сопствениците на виничката фабрика Макпрогес Винчини во официјалното соопштение информираат дека во пожарот изгреа еден производствен погон со три модерни софистицирани автоматизирани линии за производство на наполитанки, вафел, барови и тортички, заедно со два магацини од кои еден за суровини и еден за готови производи. Најавија дека повторно ќе ја изградат фабриката „Винчини“, а затоа имаат и кадар и знаење.

И тоа во Виница . Но, потребно ни е време за тоа, време во кое ќе мораме да направиме план за консолидација на производните линии кои останаа во функција, а со крајна цел сите вработени кои физички ги изгубија своите работните позиции да ги прераспоредиме на други производни линии и да успееме да ги задржиме сите вработени на работа. На сите наши производи продажните цени ќе ги задржиме ниски и достапни за потрошувачите како и досега, а дополнително некои цени и ќе ги намалиме како би поттикнале поголема продажба. Заедно со Стопанската комора и сите синџири на маркети ќе направиме напори и ќе дадеме сè од себе да успееме, вработените да ги ангажираме работно со цел да ги задржиме работните места“, се вели во соопштението од сопствениците Глигор Цветанов и Александар Цветанов.

Добра и стабилна е здравствената состојбата на четворицата пожарникари, кои се хоспитализирани во кочанската Општа болница. Задоволни се од третманот и професионалноста на здравствениот кадар. Пожарникарите добија изгоренци на стапалат и на екстремитети откако еден од пожарникарите симнувајќи се од кровот стапнал во жешка смеса од растопен шеќер, а останатите учествувале во неговото спасување. По, пожарот лекарска помош добија 25 пожарникари, доброволци и вработени во „Винчини“.

Инаку, компанијата „Макпрогрес-Винчини“ три и пол децении е водечка компанија во Виница и регионот. Вработува околу 500 работници и е македонска компанија, која е извозно ориентирана.

Викторија Јованова

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе