Студентите во Србија денеска протестираат под мотото „Индексот е посилен од пендрекот“ пред Владата на Србија, најавувајќи блокада на Универзитетот во Белград. Протестот ќе ги опфати и Палатата на правдата, зградата на Единицата за обезбедување и Одделот за внатрешна контрола на Министерството за внатрешни работи.
Истовремено, студентите од Медицинскиот факултет во Нови Сад ќе протестираат против полициската бруталност пред Ургентниот центар на Клиничкиот центар на Војводина, повикувајќи ги здравствените работници и граѓаните на поддршка.
Во изминатата недела низ Србија се одржаа големи собири „Граѓаните против блокади“ и контрасобири, додека директорот на полицијата истакна дека на 111 такви настани излегле над 126.000 луѓе, со минимални инциденти. Во повеќе градови се одржаа и протести на поддржувачи на владејачката СНС, кои во некои места беа одделени од контрапротестите.
