Од основното Јавно обвинителство денеска информираат дека екипи од обвинителството се кај фабриката Мак Прогрес, поради пожарот кој избувна синоќа, оттаму велат дека увидот се уште не е започнат бидејки пожарот се уште не е целосно изгаснат.
-Јавен обвинител од ОЈО Кочани беше на терен, меѓутоа увидот се уште не е започнат, затоа што пожарот не е во целост изгаснат и се уште траат активностите за обезбедување на локацијата. Во меѓувреме, јавниот обвинител издава наредби и насоки за други дејствија за целосно испитување на настанот, велат за Телма од ОЈО.
