Вести Македонија Најважни

(Видео) ЦУК: Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони на фабриката „Винчини“, се бара помош од ангажирање на други општини во гаснењето

Пожарот  во фабриката во Виница се шири многу брзо, противпожарните екипи се на терен и се обидуваат да го локализираат. Огнот е проширен долж фабриката, а жители на Виница кои имаат објекти во близина на огнот стравуваат тој да не се прошири и кон нив. На лице место е присутно и амбулатно возило, а официјално не е познато дали во фабриката кога избувал пожарот имало и луѓе. Од ЦУК информираат дека пожарот е пријавен во 18.40 часот.

-Денес, во 18:40 часот, во Центарот за управување со кризи преку бројот Е-112 е добиена пријава за пожар во фабриката за кандирани производи и вафли „Винчини“ во Виница. Пожарот избувнал во магацините и во производствените погони 6, 7 и 8 на фабриката. На терен веднаш излегле екипите на ТППЕ Виница со неколку противпожарни возила и пожарникари. До градоначалникот на Виница е дадена насока да побара дополнителна поддршка и помош од соседните општини. Веќе се вклучени ТППЕ Кочани и ДПД Кочани со сите свои капацитети и ресурси, а поддршка е побарана и од Општина Македонска Каменица и Штип. Доколку биде потребно, ќе се ангажираат сили и од други општини. Со оглед на тоа дека станува збор за специфичен урбан пожар, неопходно е ангажирање исклучиво на професионални пожарникари, велат од ЦУК.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Самостојната изложба на Данчо Ордев насловен „Трансформирана меморија“ вечерва во галеријата Остен

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Пред почетокот на жетвата земјоделците бараат од 15 до 18 денари за килограм пченица

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе