Оставила печат на пултот, но признава дека можеби бил злоупотребен за продолжување на терапиите. Излагањето пред судот лекарката Мери Пешевска го започна со признавање вина, откако обвинителството на судот му изложи дека директорот и тројцата лекари несовесно и криминално лекувале пациенти.
Случајот злоупотреби на Онколија започна и застана за кратко, откако еден од обвинетите доктори призна вина, по воведните зборови на обвинителството дека таа и уште дваја лекари и тогашниот екс-директор на клиниката постапувале несовесно и криминално.
Во првите зборови од изјавата, Пешевска објасни дека нејзиниот печат бил оставен на пултот за здравствените работници побрзо да ја водат постапката за продолжување на терапиите, и потоа кажа дека ја прифаќа вината и се извини на нејзините пациенти.
Иако рочишето за предметот „Онкологија“ започна со редовната судска рутина, па откако лекарите Црвенковска, Јакимовски и првообвинетиот Нино Васев отфрлија вина, нивната колешка Мери Пешевска ја призна. Кусо објасни дека на спорните медицински картони стои нејзиниот потпис-печат, но со објаснување дека таа го оставала на пултот за побрзо да се завршуваат прегледите и издавањето на терапијата. Пешевска, призна вина и се извини на седуммината пациенти.
„Да разбирам за што сум обвинета, сакам да кажам да се извинам според обвинението доколку сум постапила небрежно или невнимателно. И доколку за овие седум пациенти не сум сигурна дека јас сум ја продолжувала иако бил користен мој печат и факсимил. Тој беше оставен на шалтер за се цел побрзо да минуваат пациентите. Да ја прифаќам вината, затоа што моето корисничко име и лозинка сум ја оставила со сè цел да има пристап за давање терапија“ рече обвинетата лекар-онколог Мери Пешевска.
Претходно обвинителката во детали изложи на судот како тогашниот директор и лекарите соработувале. Таа се товари декасо Нино Васев небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти. Нејзиониот тогашен шеф Нино Васев, пак, не чуствува вина за погрешно лекување пациенти, одбраната, вели ќе го побива обвинението
„Слушам да, за што сум обвинет. Не се чувствувам за кривичните дела кои ми се ставаат на товар од страна на обвинителството“ рече Нино Васев.
На прашањето на судот „Дали чувствува вина за кривичните дела кои му се ставаат на товар?“ претходно, неговиот бранител Никола Ставров рече дека ќе ги побијат сите тврдења на обвинителството.
Бидејќи судот го одби барањето на одбраната за неприфаќање на вештачењата од Србија и Словенија, одбраната бара вештаците кои ги изготвиле да бидат сослушани во судскиот предмет. Како сведоци одбраната на Васев ќе викне и лекар онколог кои работи на Клиниката. Нино Васев и тројцата онколози не направиле само пропуст туку криминално несовесно лекувале, рече обвинителката пред судот.
„Болните и нивните семејства имале доверба во обвинетите, верувале дека ќе им биде дадени потребната нега и внимание, дека ќе добијат адекватна терапија и никогаш не помислиле дека нивното здравје ќе биде нарушено“ рече обвинителката Ана Гоговска Јакимовска на почетокот на судењето за Онкологија.
Гоговска се произнесе и за другите обвинети и порача дека ќе бараат правдата да биде задоволена во име на пациентите, на лекувањето и хуманоста, го заврши воведниот збор обвинителката Јакимовкска.
Претходно, Кривичениот суд не го прифати спојување на двата предмети за Онкологија, првиот за несовесно лекување на пациенти со предметот со финансиските злоупотреби на клиниката. Во двата предмети првообвинет е Нино Васен – поранешниот директор.
Павле Беловски
