Вести Македонија Најважни

Поднесено обвинение против уште едно лице за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“ во Кочани

Обвинителството денеска поднесе обвинителен акт против уште едно лице во врска со катастрофалниот пожар што избувна во дискотеката „Пулс“ во Кочани на 16 март 2025 година, кога загинаа 62 лица, а над 220 беа повредени, соопшти ЈОРМ.

Според информациите од обвинителството лицето се товари за тешки дела против општата сигурност, бидејќи како реален сопственик на агенцијата за обезбедување „Рубикон Секјурити“ не ги презел потребните безбедносни мерки, а објектот бил обезбедуван без соодветен договор, план за обезбедување и без извршени безбедносни проверки.

Обвинителскиот тим кој постапува во предметот во врска со пожарот во кочанската дискотека „Пулс“ денеска до Основниот кривичен суд Скопје поднесе Обвинителен акт против уште едно лице за сторени  – Тешки дела против општата сигурност од член 292 став 2 во врска со член 288 став 3 во врска со став 2 во врска со член 22 од Кривичниот законик. И овој обвинет се товари за сопствен особен придонес, бидејќи заедно со повеќе одговорни и службени лица за кои веќе е поднесен обвинителен акт кој е во фаза на оценка, како и со други за сега непознати лица, не постапил според прописите и техничките правила за мерките за заштита и со тоа предизвикал опасност за животот и телото на луѓето, како и имотот од големи размери, информираат од ЈОРМ.

Обвинетиот, кој фактички е раководел со агенцијата, давал наредби на обезбедувачите кои биле ангажирани таа вечер. Истрагата утврдила дека обезбедувањето дозволило влез на малолетни лица и не спречило внес на пиротехнички средства со кои, според обвинителството, бил предизвикан пожарот.

По пожарот, обвинетиот се обидел да формира нова агенција за обезбедување со седиште во Струмица.

Обвинителството бара продолжување на мерките куќен притвор, забрана за контакти и одземање на патна исправа, поради ризик од бегство и влијание врз постапката.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повеќе населени места во Скопје останаа без вода откако пукнала голема цевка кај поранешната фабрика ОХИС

Tea Dimkovska

Папата Лав XIV: Војната носи смрт, дипломатијата е единствен пат до мирот

Tea Dimkovska

Младенците Мартина и Александар ја крунисаа љубовта на овогодинешната Галичка свадба

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе