Аргентина славеше со 3-0 против Венецуела во јужноамериканските квалификации за Светското првенство, но натпреварот беше во сенка, бидејќи домашните навивачи имаа шанса за последен пат да го гледаат Лионел Меси во аргентинскиот дрес во својата татковина.
Пред почетокот и по натпреварот, Меси доби неверојатни стоечки овации од 80.000 навивачи на легендарниот стадион во „Буенос Аирес“, „Монументал“. Емоциите беа преголеми па фудбалерот пушти неколку солзи додека неговите сонародници имаа шанса за последен пат да го гледаат во националниот дрес на домашно тло. По натпреварот изјави дека сè уште не е сигурен дали ќе игра на Светското првенство во 2026 година. Конечната одлука ќе ја донесе идната година.
The Argentina fans saying farewell to Lionel Messi, who likely played his last national game in his homeland.👏🐐
🫡🇦🇷 pic.twitter.com/NzNbKZeipI
— PurelyFootball ℗ (@PurelyFootball) September 5, 2025
Меси им приреди шоу на своите сонародници на теренот и постигна два гола во победата од 3-0 против Венецуела. Прво стрелаше во 39-тата минута по асистенција на Хулијан Алварез, а Лаутаро Мартинез зголеми на 2-0 во 76-тата минута. Меси стави точка на натпреварот во 80-тата минута што за него беше 114-ти погодок во дресот на „гаучосите“ во 194-тиот натпревар.
На останатите натпревари, Бразил немаше проблеми против Чиле и славеше со 3-0, Уругвај со истиот резултат го совлада Перу. Парагвај ремизираше 1-1 со Еквадор, па го осигура пласманот на Светското првенство за прв пат по 16 години, како шестопласиран во групата. Колумбија со 3-0 славеше против Боливија и исто така математички се квалификуваше на Светското првенство заедно со Аргентина, Бразил, Уругвај и Еквадор.
