Собранието за утре закажа седница на комисијата за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и Агенцијата за разузнавање.
На седницата треба да се определи датум за посета на АНБ. Според објавените информации собранискиот спикер Африм Гаши ја делегирал Славјанка Петровска да претседава со комисијата.
Претседател на комисијата е Скендер Реџепи, но тој претходно на прес-конференција соопшти дека нема да ја закаже седницата бидејќи нема безбедносен сертификат и не може да учествува во надзорната посета на тајната служба.
Гаши одлуката ја донел само ден по барањрто на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ да се изврши посета на АНБ.


Седницата има едиствена точка на дневен ред: Предлог на заклучок за вршење на надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност.

Законски смеат да се објават спорните документи за следење во АНБ доколку содржат злоупотреби и кривични дела со следење политичари и новинари. Сите класифицирани информации кои содржат злоупотреби или кривични дела не се сметаат за тајни и доверливи документи, стои во законот за класифицирани информации. Тоа значи дека информациите кои ги објави АНБ за следење… Продолжи со читање













