Американските акции ja започнаа неделата со пад, поради пресудата на Федералниот Апелационен суд дека повеќето царини воведени од Доналд Трамп се нелегални.
Индексите Дау Џонс, S&P 500 и Nasdaq забележаа пад од 0,55%, 0,69% и 0,82%, додека индексот на волатилност VIX порасна за 6,51%. Судот оцени дека Трамп немал право да воведе дел од царините, што создаде неизвесност на пазарите, дополнително засилена од слабиот августовски PMI во производството (48,7).
Инвеститорите исто така внимателно го следат растот на приносите на државните обврзници и очекуваат намалување на каматните стапки на ФЕД во септември. Во корпоративниот сектор, Крафт Хајнц загуби речиси 7% по најавата за поделба на компанијата, додека ПепсиКо порасна за 1,1% откако доби инвестиција од „Елиот инвестмент менаџмент“.
