Жителите на скопската општина Аеродром најавија граѓански собир и блокади на раскрсници поради, како што велат, „екоцидот и неподносливата миризба“ која со денови го загадува воздухот и го загрозува здравјето.
Револтот доаѓа по пожарот кој избувна на депонијата Вардариште во неделата попладне, и ги остави скопјани без струја до доцните часови.
Во јавниот повик објавен денеска граѓаните наведуваат дека проблемот мора да се реши „сега и веднаш“, бидејќи загадувањето најмногу ги погодува децата кои новата учебна година ја започнаа во, како што посочуваат, најлоши можни услови.
Организаторите најавуваат мирни блокади на раскрсницата меѓу булеварите АСНОМ и Србија.
„Пред мостот „Киро Глигоров“, секој ден во 16 часот, сè додека институциите не најдат решение“ стои во соопштението.


Голем пожар избувна на депонијата Вардариште и предизвика прекин на струја во општината Аеродром, населбата Ново Лисиче, Методија Андонов Ченто, индустриска зона, Кванташки пазар, Арачиново, Стајковци, Трубарево, Бунарџик и делови од општината Центар. Повеќе од два часа жителите на овие места се без струја. Поради сериозноста на пожарот исклучени се далноводите кои ги снабдуваат со… Продолжи со читање













