Uncategorized Вести Свет Топ вести

Путин со предлог за мултиполарен светски поредок, Џипинг со порака за сила и стабилност на самитот во Кина

Си Џипинг со црвен тепих пречекува над 20 светски лидери на самитот за Шангајската организација и соработка во градот Тјанџинг. На самитот пристигна Владимир Путин, индискиот претседател Нарендра Монди, но и претседателот на Белорусија, Александар Лукашенко.

Предвидено е да се разговара за важни прашања поврзани со безбедноста и трговија во услови на зголемени тензии со Западот, започнувајќи од војната во Украина и Газа, па се до царините воведени од Вашингтон.

Сите очи се вперени во Путин по средбата со Трамп, најавата за трилатералка за крај на војната со Украина, но и од претходната најава на Кремљ дека рускиот претседател на самитот е со мисија да ја презентира идејата за мултиполарен светски поредок. Од друга страна неговиот сојузник Кина има за цел да испрати важна порака дека силата се крие во стабилноста кога се случуваат светските промени.

„Од Кина се очекува да го искористи овој самит со цел да ја проектира својата порака, а таа порака е испратена многупати оваа година, а тоа е дека силата е  стабилност во услови на променлив светски поредок“ рече Хуиџонг Ву, Асошиејтед Прес.

Самитот исто така претставува можност Кина да се покаже како економски светски лидер, кој освен во технолошката сфера се развива и во воената индустрија.

„Се сеќавам, во времето на (поранешниот кинески претседател) Џијанг Цемин, дојдов во Кина и имаше едно прашање – технологија, технологија, технологија. Се сеќавам, префрливме одредени технологии во Кина, а сега учиме од вас во сите области, од воено-индустрискиот дел до стоките за широка потрошувачка“ изјави Александар Лукашенко, претседател на Белорусија.

„Танцот на змејот и слонот“ ги спои Кина и Индија кои изјавија дека треба да бидат партнери, а не непријатели. И покрај граничниот спор кој со години трае меѓу двете земји, тие сега се решени да соработуваат, а како главна причина се царините воведени од страна на САД.

Самитот е симболичен и ќе им овозможи на светските лидери да ги прошират нивните билатерални односи. По самиот, најавена е и масовната воена парада во Пекинг, со која ќе се одбележи 80-годишнината од крајот на Втора светска војна.

Во Шангајската организација има 10 земји-членки, меѓу кои Русија, Кина, Пакистан, но и уште 16 партнери за дијалог и набљудување.

Теа Димковска

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Мицкоски: Претседател на суд има плата од 180.000 денари, што мислам дека е малку многу, а просечната плата во државата е 45.000 денари

Дејан Дејан

Мицкоски: Апсолутно не гледам потреба за зголемување на буџетот за правосудниот систем

Дејан Дејан

Граѓаните ќе плаќаат данок од 18 отсто на сите пратки од „Тему“ и „АлиЕкспрес“кои се над 22 евра

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе