Следната недела ќе биде распишан огласот за избор на тројца кандидати за судија во ЕСЧП. Новата комисија планира да трае триесет дена а критериумите и другите детали околу деловникот и постапката за евалуација и селекција 5 члената комисија ќе ги договара на седницата во вторник на пладне во Врховниот суд.
Новата комисија се надева дека ќе се пријават повеќе кандидатури кои ги исполнуваат условите но јавноста остана без образложение зошто владата ја поништи претходната листа со имињата судијката Габриела Гајдова, обвинителката Ленче Ристоска и адвокатот Јордан Апостолски. Кои услови не биле исполнети? Што било несоодветно?
Нетранспарентноста и ваквото однесување може да се третира како самоволие смета поранешната судија во судот во Стразбур Маргарита Цаца Николовска.
„Не е соодветно и не е добро однесувањето на владата покажува постоење на зависност, постоење на нетранспарентност но тоа е нешто што овие политички негативности некаде во некој ќош ќе бидат евидентирани и ќе секако ќе бидат дел од сликата на имиџот на државата која вака постапила“ изјави Маргарита Цаца Николовска, поранешна судијка во ЕСЧП.
Претседателот на Уставен, Дарко Костадиновски кој е еден од петте членови, заедно со претседателите на Врховен, Кривичен, Граѓански суд и директорката на Академијата за судии и јавни обвинители недела за Телма изјави дека очекува дека најдоцна до 10-ти ноември ќе ги испратат предлозите до експертскиот панел во советот на Европа од каде ќе чекаат мислење пред да ги испратат кандидатите во Влада.
Голем беше интересот и за претходниот оглас кој траеше 15 дена а се пријави 21 кандидат судии обвинители адвокати и други правници. Од нив претходната 9 члена комисија со двотретинско и мнозинство ги избра Ристоска Гајдова и Апостолски.
Но ниту тие, иако побараа образложение кои критериуми не ги исполниле – освен одговор од премиерот Мицкоски кој рече дека вистинската вистина ја кажува владата. Ристоска обелодени дека претходно имала укажувања дека треба да ја повлече кандидатурата.
Елена Ивановска Мукоска
