Украинскиот Претседател, Володимир Зеленски, ги отфрли предлозите за воспоставување на ткн „тампон“ или демилитаризирани зони меѓу Украинските и Руските сили, како дел од мировен договор на двете држави, тврдејќи дека тоа не е соодветно со реалностите на модерното војување.
„Само оние кои не ја разбираат технолошката страна на денешното војување може да предложат воспоставување на тампон зони“, изјави Зеленски денеска.
Тампон зоните претставуваат демилитаризирани зони меѓу завојуваните страни, како по примерот на војната меѓу Северна и Јужна Кореја или физички ограничувања како „Железната завеса“ , која ги раздвојуваше Советскиот блок и Западот по Втората светска војна.
Според информациите на „Политико“, Европските дипломати тврдат дека предлогот кој го дискутирале воени и политички чинители бил дел од територијата на Украина да биде блокирана меѓу двете страни.
Но, Зеленски вели дека веќе постои дел од линијата на фронтот кај двете завојувани страни каде што тешката артилерија не може да биде употребувана заради ризикот од употреба на дронови.
„Денеска, тешките оружја на двете страни се на растојание од повеќе од 10 км меѓусебно, затоа што сѐ може да биде уништено со дронови.“ – рече Зеленски.
„Оваа тампон зона, јас ја нарекувам „мртва зона“, некои ја нарекуваат “сива зона“, таа веќе постои.
Формирањето на тампон зона исто така би значело дека Украина ќе треба да се откаже од дел од својата територија во рамките на зоната, што Зеленски исто така го отфрла. „Ако Русија сака да биде на поголемо растојание од нас, тие може да се повлечат подлабоко во привремено окупираните Украински територии“, рече Зеленски, додавајќи дека Русија не е подготвена за дипломатија и бара начини да го одложи крајот на војната.
