Пониски камати за младите и младите брачни двојки кои аплицираат за кредит за да можат прв пат да купат стан, повисоки за тие што го купуваат третиот четвртиот или петтиот стан како инвестиција, засилени контроли за веродостојност на податоци при аплицирањето и контроли дали тие станови се живеалишта или пак се издаваат.
Ова се дел од мерките кои се подготвуваат во Народната банка а кои ги откри гувернерот Трајко Славески а целта е да има подобри услови и полесно решавање на станбеното прашање за младите бидејќи има јасна разлика меѓу кредитирање за живеалиште и за инвестиција но и да се намали вртоглавиот раст на цените особено во Скопје.
Ќе ги олесниме условите за оние кои што по прв пат купуваат стан за живеење а значително ќе ги затегнеме критериумите, во соработка со банките. За купување на стан односно инвестиција, за купување на стан кој нема да служи за живеење. Ова што се случува на пазарот на станови посебно во неколку градови особено во Скопје ги става во многу незавидна ситуација за младите луѓе, рече славевски.
Гувернерот Славески комуницирал со банките и размениле идеи и информации а најави дека мерките ќе се објавата многу скоро.
Оставивме простор од три недели, им ги доставивме нашите идеи до банките. Добивме нивни размислувања, некои ги прифативме некои не ги прифативме што е сосема нормално бидејќи тргнуваме од различни позиции, но интерес на банките е да го намалат ризикот при кредитирањето, рече гувернерот.
Славески побара банките сериозен пристап околу изјавите на кредитобарателите бидејќи според документите во 3 од 4 изјави стои дека становите купени на кредит се за живеење а никој тоа не го проверува.
Од Катастарот најавуваат рестартирање на регистарот на цени до крајот на септември, но проблемот е што тој се базира на податоци добиени од нотарите од преддоговори за купопродажба датирани од пред четири или повеќе години и затоа тие ќе се издвојуваат од договорите за да може да се добие реалната вредност.
Главните договори за купопродажба основата ја влечат од преддоговорите кои генерално се склучувани во 2021/22 година. Разликата во цените кои моментално се нудат на пазарот за кои што граѓаните и правните лица купуваат недвижен имот и склучуваат договори се многу поразлични (цени) од оние со кои работиме, рече живковски.
Еден од проблемите за идните иматели на станови, особено младите кои се со ограничени средства и примања, е што на 31 декември истекува мерката за повластена стапка од 5% ДДВ за прв промет на стан која беше во воведена во 2011 година и на 1 јануари идната година за 13 отсто поскапи ќе бидат сите станови кои во моментот се градат, кои се веќе изградени, а уште неотуѓени од страна на инвеститорите, како и на сите идни неизградени станови.
Затоа од Владата се бара да интервенира измени во членот 22 од законот за додадена вредност да се продолжи рокот за најмалку 3 години.
Огнен Чанчаревиќ
