Вести Свет Топ вести

Гаѓани воен комплекс, електрани, претседателската палата – Израел го нападна Јемен

Израел попладнево изврши воздушни напади врз Сана, главниот град на Јемен, пришто се гаѓани електрани, претседателската палата, воен комплекс, објави телевизија Ал-Масирах под контрола на Хутите. Нападот се случува по два дена од истреланата ракета од Јемен кон Израел.

Жителите на Сана велат дека нападите биле насочени кон подрачја во близина на претседателската палата, како ракетни бази и електрани. Израелската војска го потврди нападот.

Хутите пред два дена признаа дека истрелале балистички проектил кон Израел. Претставник на израелските воздушни сили денеска изјави дека проектилот најверојатно носел дополнителна муниција, наменета за „детонација при удар“.

„Таков тип на ракета за првпат беше истрелан од Јемен“, рече тој.

Хутите честопати лансираат ракети кон Израел од почетокот на војната во Газа од кои најголем број се пресретнувани. Јеменската милитантна група се поврзува со Иран и напаѓа бродови во Црвеното Море што го опишува како чин на солидарност со Палестинците.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата

Sasko Dimovski

Бев тргната за да се спаси имотот на ВМРО-ДПМНЕ, обвинува Ристоска

Sasko Dimovski

Од понеделник можно е повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе