Свет Топ вести

Трамп вели дека Зеленски би можел да ја заврши војната со Русија речиси веднаш

Доналд Трамп синоќа изјави дека украинскиот претседател Володимир Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш“, отфрлајќи ја идејата Украина да се приклучи на НАТО и да го врати Кримскиот полуостров анектиран од Русија како нереална.

На својата платформа Truth Social, Трамп рече дека Зеленски „може да ја заврши војната со Русија речиси веднаш, ако сака, или може да продолжи да се бори“.

„Се сеќавате како започна. Нема враќање на Обама со оглед на Крим (пред 12 години, без да се испука ниту еден куршум!), и нема влегување во НАТО од страна на Украина“, додаде тој.

Коментарите на американскиот претедател доаѓаат пред денешната планирана средба со Зеленски во Вашингтон и го зајакнуваат долгогодишниот став на Москва дека членството во НАТО за Украина и враќањето на Крим се прашања за кои не може да се преговара.

Трамп во минатото на Зеленски му припишуваше делумна, а понекогаш дури и единствена, одговорност за руската инвазија врз Украина во 2022 година.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Од понеделник е можно повторно намалување на акцизата за горивата – се чека да се види како ќе затворат берзите

Sasko Dimovski

Ќе биде менаџер на кинески BYD – Сијарто поднесе оставка на пратеничката функција во Унгарија

Sasko Dimovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе