Вести Свет

Шумските пожари во ЕУ во 2025 уништија 511.000 хектари

Шумски пожари годинава, заклучно со 12 август, уништиле повеќе од 511.000 хектари низ Европската Унија, покажуваат податоците на Европскиот систем за информации за шумски пожари.

Оваа бројка е повеќе од двојно поголема од просечната површина опожарена во истиот период меѓу 2006 и 2024 година. Бројот на пожари од почетокот на 2025 година надминал 1.600, што е повеќе од двојно во однос на просекот од 717 во изминатите 20 години, пренесе „Евроњуз“ од Брисел. Оваа површина е речиси девет пати поголема од површината на градот Скопје, кој зафаќа 57.150 хектари, или околу 20 отсто од вкупната површина на Македонија, која изнесува 2.571.300 хектари.

Европската комисија соопшти дека бројот на барања за европска помош во гаснење пожари веќе е изедначен со вкупниот број барања за целата 2024 година.

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ е активиран 16 пати во текот на оваа сезона, а сме само на половина од август, изјави портпаролката на Комисијата, Ева Хрнцирова.

Последното барање пристигнало од Шпанија пред два дена, што е прво барање на оваа земја откако постои Механизмот.

Механизмот за цивилна заштита на ЕУ е воспоставен во 2001 година за унапредување на соработката меѓу земјите членки и десет држави однадвор, вклучувајќи и земји од Западен Балкан. Тој овозможува координирана и брза реакција во случаи на катастрофи, при што Европската комисија покрива дел од трошоците за транспорт и распоредување на ресурси.

Од неговото активирање досега, Механизмот одговорил на повеќе од 770 барања за помош во и надвор од ЕУ.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе