Вести Свет

Трамп вели: Шансите средбата со Путин да заврши безуспешно се 25%

Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека постои „25% шанса“ самитот со рускиот претседател Владимир Путин, кој ќе се одржи во петок во Алјаска, да не биде успешен.

Трамп истакна дека доколку средбата помине добро, планира телефонски разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски за договор околу можна втора средба.

Меѓувреме, од Кремљ соопштија дека двајцата лидери ќе одржат разговори во четири очи, а Путин ги пофали „искрените напори“ на Трамп за завршување на конфликтот во Украина.

Белата куќа информираше дека американскиот претседател ќе ги искористи сите можности за ставање крај на војната.

На терен, Русија соопшти дека Украина извршила дронски напади врз Волгоград и Белгород, додека Киев јавува за четворица загинати во руските напади врз Харков.

Британскиот премиер Киер Стармер, по средбата со Зеленски, порача дека Путин мора да покаже дека е „сериозен за мир“.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Каква реформа му е потребна на македонскиот пензиски систем?

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе