Вести Македонија Најважни

Директорката на демирхисарската гимназија Лозановска, која го подигна решението за разрешување, најави жалба- адвокатот ќе бара враќање на печатите

Директорката на гимназијата во Демир Хисар, Маја Лозановска, денеска го подигна решението за разрешување донесено од градоначалникот Никола Најдовски и најави дека ќе го обжали. Нејзиниот адвокат, Жаре Стеваноски, до Основното јавно обвинителство  во Битола ќе поднесе барање за враќање на печатите, кои вчера Лозановска ги подигна од училишниот сеф и ги предаде на полицијата, која пак  требаше да ги достави до Oбвинителството.

  • Во текот на денот до ОЈО Битола ќе поднесеме барање за враќање на одземените печати, бидејќи нема никакви промени во Централниот регистар. Согласно член 8-а од Изборниот законик, сите постапки за именување и разрешување функционери се запрени. Очекуваме печатите да бидат вратени за непречено да се одвива наставно-образовниот процес и подготовките за почетокот на учебната година, изјави Жаре Стеваноски, адвокат на Лозановска.

Градоначалникот Најдовски ја разреши Лозановска на 6 август и за в.д. директор ја назначи Јамина Дамчевска.

Лозановска не го прими решението бидејќи беше на боледување. Откако новата директорка не ги пронајде печатите, во петокот доцна вечерта полицијата изврши претрес во домот на Лозановска и во службените простории на училиштето.

При акцијата, полицискиот началник инсистираше таа  на носилки, да биде спроведена на информативен разговор.

МВР го оцени тоа како непрофесионално однесување и најави негово разрешување. По завршувањето на боледувањето, Лозановска  се јави на разговор во полицијата, а вчера печатите ги предаде  на истражните органи.

Емилија Мисирлиевски

Полицијата ќе ги одземе печатите од гимназијата во Демир Хисар и ќе ги предаде во ОЈО

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Нов случај на врсничко насилство, три девојчиња тепаат малолетничка во Куманово

Kristina Kuzmanovski

Непочитување на стандарди, регулатива и процедури покажало градежното вештачење на „Пулс“

Kristina Kuzmanovski

СДСМ не ја прифати поканата на Левица за состанок за Изборниот законик

Kristina Kuzmanovski

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе