Вести Свет Топ вести

Едно лице загина, шест се повредени – нагло слетување на воздухопловен балон во Холандија

Едно лице загина, а шестмина се повредени при нагло слетување на воздухопловен балон во холандската покраина Фрисланд, објавија медиумите, повикувајќи се на регионалните служби за итни случаи.

Според Кралското холандско воздухопловно здружение, балонот нагло се спуштил за време на пристапот кон слетувањето поради силен налет на ветер, како резултат на што кошот почнал да отскокнува и пет лица испаднале од него. Повредените се однесени во болници. Во времето на инцидентот на балонот имало 34 лица.

На местото на инцидентот биле испратени два хеликоптери за воздушна амбуланта, 14 амбулантни возила, мобилен медицински тим и тим за итни случаи на Црвениот крст. Околностите на несреќата ги истражува воздухопловната полиција.

Фото: mia.mk

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе