Грчките пожарникари спијат на асфалтпо тешката борба со пожарите кои беснеат во земјата, ова го покажа фотографијата од грчкиот остров Хиост, која стана вирална на социјалните мрежи.

Во Грција, според локалните власти, се активни повеќе од 100 пожари, десетици нови избувнале само во последните 24 часа. Најкритичните области се островите Хиос и Закинтос, околу Патрас и на Пелопонез. Наредена е итна евакуација на болниците и населбите.
Околу 5.000 пожарникари учествуваат во борбата со огнената стихија, а дополнителни тимови и опрема пристигна од неколку европски земји.
