Вести Македонија Најважни

Собранието ќе формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Антикорупциска

Собраниската Комисија за прашања на изборите и именувањата денеска ќе одржи седница со почеток во 12 часот, на која се очекува да се формира Комисија за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК).

Ова следи по оставката на поранешната претседателка Татјана Димитровска, која се соочува со кривични обвиненија за оддавање службена тајна и компјутерски фалсификат.

Собранието на 5 август распиша јавен оглас за нов претседател, со рок за пријавување од 10 дена.

Според Законот за спречување на корупцијата, по објавувањето на огласот, Комисијата за избори и именувања има рок од 10 дена да формира селекциска комисија која ќе ја спроведе постапката.

Таа ќе ги разгледува документите, ќе организира интервјуа со пријавените кандидати и ќе предложи ранг-листа.

Најдобрите кандидати потоа ќе бидат предложени до Собранието, кое ќе го избере новиот претседател на Антикорупциска.

Кандидатите мора да исполнуваат строги критериуми во поглед на образование, искуство и независност од политички влијанија.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Опозицијата бара извинување од Стоилковиќ за навреди и пцости кон претнеиците Трајчулевски и Битиќи – тензии во парламентот

Дејан Дејан

Остра реакција од Сојузот на борци за разобличување на предлогот на ДУИ

Дејан Дејан

(видео)Филипче: Никој не му се плаши на Мицкоски, заканите и навредите се доказ за неговата слабост

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе