Вести Свет Топ вести

Уапсена сопругата на поранешниот претседател на Јужна Кореја

Сопругата на поранешниот претседател на Јужна Кореја, Ким Кеон Хи, е уапсена под обвиненија за манипулација со акции, мито и изборно мешање. Таа ги негира сите обвиненија, но судот ѝ одреди притвор поради ризик од уништување докази.

Ким, 52, е обвинета дека заработила над 800 милиони вони или приближно 578.000 долари преку нелегални активности со акции на компанијата „Дојч Моторс“, дистрибутер на BMW во Јужна Кореја.

Исто така, наводно примила луксузни подароци од контроверзната Унификациска црква во замена за деловни услуги.

Таа е обвинета и за вмешаност во изборниот процес, преку влијание врз кандидатските номинации на парламентарните избори во 2022 и 2024 година.

Настапувајќи пред судот во црна облека, Ким изјави: „Искрено се извинувам што предизвикав проблеми, иако сум личност без значење“.

Ова е првпат во историјата на земјата и поранешен претседател и поранешна прва дама да се најдат во затвор.

Јун Сук Јол беше уапсен во јануари поради обид за воен удар, што доведе до негово симнување од власт.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Шампионите не се предаваат: Аргентина со пресврт го урна англискиот бедем за пласман во финалето

Sportska Redakcija

Демант од Мелиса Прошева од Кочани на изјавата на адвокатот Зоран Зафировски

Tea Dimkovska

Се капеле во Треска и одеднаш водата ги повлекла – по итен повик биле спасени

Tea Dimkovska

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе