Должниците на ЕСМ почнаа да го враќаат долгот кон компанијата откако Телма објави дека ЕСМ бара сите државни институции кои имаат неплатени сметки за струја и парно да ги платата во рок од три месеци.
Од Градскиот трговски центар, што се најде меѓу петте институции со поголем долг за греење и електрична енергија, по објавување на прилогот испратија допис до Телма во кој посочуваат дека веднаш откако преку нашиот медиум слушнале за информацијата ги подмириле сметките.
Односно, обврската на ГТЦ кон ЕСМ Продажба од 30 милиони денари во текот на следниот ден била исполнета во целост.
Сепак, додаваат дека тие од медиумите дознале за некаква рангираност според висината на долгот, но и за рокот за исполнување на обврските кон електрани.
Според податоците кои ги добивме меѓу оние со поголем долг за струја се евидентирани и Клинички, УКИМ, Пошта МЖ Транспорт, а за парно Државен студентски дом Скопје, Студентски дом Стив Наумов, МРТ Пошта.
На листата има над 200 државни, јавни институции, општини училишта градинки министерства агенции.
За струја и парно кон ЕСМ има долг од околу 16 милиони евра. Државата ги задолжи сите оние институции кои имаат отворен долг кон компанијата да го платат.
