Јаник Синер без проблеми стигна до осминафиналето на мастерс тенискиот турнир во Синсинати. Првата фаворитка кај тенисерките, Арина Сабаленка мораше добро да се помачи за место во четвртата рунда.
Првиот светски рекет Синер спаси сет топка за да дојде до победа од 6-2 и 7-6 против Габриел Диало. Актуелниот бранител на трофејот во осминафиналето ќе игра против Адријан Манарино, кој пак го изненади Томи Пол во три сета.
Четвртиот носител Тејлор Фриц со 7-6 и 7-5 беше подобар од Лоренцо Сонего, Холгер Руне го елиминираше Алекс Микелсен со 7-6 и 6-3, додека Франсес Тиафо триумфираше против Иго Умбер во два сета со по 6-4.
Турнирот заврши за Стефанос Циципас, кој загуби од Бенжаман Бонзи во три сета, а пласман во осминафиналето обезбедија Феликс Оже Алиасим, како и квалификантот Теренс Атман, кој го изненади Жоао Фонсека.
Сабаленка се намачи со Радукану, Анисимова загуби во 3.коло
Првата носителка во Синсинати, Арина Сабаленка и беа потребни три часа да го скрши отпорот на Ема Радукану. Белорусинката славеше со 7-6, 4-6 и 7-6 за место во осминафиналето каде ќе се сретне со Џесика Бузас Манеиро. Шпанката беше подобра од Тејлор Таунзенд во два сета.
Петтата фаворитка Аманда Анисимова загуби од Ана Калинскаја со 5-7 и 4-6, а од топ фаворитките проблеми немаа Елена Рибакина и Медисон Кијс.
Ига Швјонтек не го одигра својот меч поради тоа што Марта Костјук се повлече поради повреда и во осминафиналето ќе игра со Сорана Кирстеа од Романија.
