Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека украинскиот лидер Володимир Зеленски нема да присуствува на неговиот состанок со шефот на Руската Федерација, Владимир Путин во петок (15 август) на Алјаска.
„Тој нема да биде дел од состанокот. Би рекол дека можеше да дојде, но веќе беше на многу состаноци во изминатите три и пол години, а резултати нема“, одговори Трамп на новинарско прашање дали ќе присуствува и Зеленски во петок на Алјаска.
Меѓутоа, „Си-Ен-Ен“, повикувајќи се на извори во Белата куќа, објави дека Зеленски во петок ќе отпатува на Алјаска во време на одржување на состанокот меѓу Трамп и Путин, но нема да учествува на самитот.
