Силните врнежи и поплавите што го зафатија Средниот Запад на САД ја принудија државата Висконсин да го откаже последниот ден од Државниот саем.
Особено тешко е погоден градот Милвоки, каде што во некои делови наврнале и до 25 сантиметри дожд.

Националната метеоролошка служба издаде предупредувања за поплави во повеќе држави, меѓу кои Канзас, Ајова, Небраска, Мисури, Илиноис и Висконсин.
Освен поплави, се очекуваат и град, силни ветрови и изолирани торнада. Во Милвоки беа откажани и Националните првенства во триатлон, каде илјадници натпреварувачи требаше да учествуваат.
Пожарникарите од Милвоки одговориле на над 600 повици за помош, меѓу кои гасни истекувања, електрични прекини и спасувања од вода.

Градските служби работеле преку ноќ за расчистување на поплавените улици, а властите апелираат: „Избегнувајте поплавени подрачја и не се движете низ надојдената вода – опасно е.“
