Денеска околу 13:15 часот, во СВР Охрид и Езерската полиција било пријавено дека 52-годишниот И.Т. од Република Бугарија исчезнал за време на нуркање на длабочина од 89 метри, во водите на Охридското Езеро, над селото Трпејца.
Веднаш по пријавата, започната е акција за потрага по исчезнатиот, во која се вклучени Езерската полиција, тимови на Црвениот крст и нуркачи од нуркачкиот клуб „Амфора“.
Во моментот се преземаат интензивни мерки за пронаоѓање на нуркачот, а јавноста ќе биде дополнително информирана по добивање на нови информации, информира СВР Охрид.
