Вести Македонија Најважни

Антикорупциска му порача на Богдановиќ да побара суспензија на сопрниот ДУП за висококатниците кај Холидеј Ин

Ако сите институции си ја вршат работата за која земаат плата, многу работи ќе беа поинакви и немаше да се реализираат планови кои се спротивни на Генералниот урбанистички план, рече градоначалникот на Општина Центар Саша Богдановиќ за спорната локацијата кај Холидеј  каде што треба да се градат три висококатници. Тој денеска побара помош од Антикорупциска, од каде му порачаа дека единствен правен лек е да побара суспензија на спорниот ДУП.

ДКСК постапуваше по повеќе предмети кои беа поврзани со овој спорен ДУП и со продажбата на локацијата и дадовме препораки и укажувања на Општина Центар за можните ризици од корупција и влијанието на сопствениците врз планерите при подготовка на планот. Поради правни недоречености и бавни одговори на надлежните институции, тука ќе го споменам Министерството за транспорт и врски и соработката со Општина Центар, овој план се уште не е под суспензија. Го охрабрувам градоначалникот да размисли пред да ја донесе одлуката за давање на дозвола на планот да ги испита сите можности за да го стави плаот под суспензија и да не донесува дозвола за градење за план кој не е во согласност со Генералниот урбанистички план, рече Ивановска.

Откако беше обелоденето дека на парцелата кај хотелот „Холидеј ин“ се предвидува изградба на три згради од 15, 20 и 25 ката и излезе и идејното решение на проектот, граѓаните преку петиција со која собираат потписи на социјалните мрежи, порачаа дека нема да дозволат да никнат бетонски чудовишта во срцето на градот.

 

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Повредените од пожарот во „Пулс“ без соодветни услови во Кочанската болница – семејствата бараат итна помош

Дејан Дејан

Зошто Македонија остана еден час без струја?

Дејан Дејан

Кој работи „ќе остане“: Мицкоски најави промени и во Влада и во партијата

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе