Британскиот премиер Кир Стармер денеска изјави дека Израел прави сериозна грешка со одобрувањето на плановите за окупирање на градот Газа.
Тој го повика израелското раководство да се воздржи од нова офанзива и да се насочи кон деескалација на конфликтот.
„Оваа акција нема да доведе до крај на конфликтот ниту ќе помогне во ослободување на заложниците – ќе донесе само поголемо крвопролевање“, предупреди Стармер, по одлуката на израелскиот воен кабинет да одобри операција за заземање на градот Газа.
Стармер нагласи дека е неопходен итен прекин на огнот, зголемување на хуманитарната помош, ослободување на сите заложници и преговарано решение за иднината на малата енклава.
Тој додаде дека Хамас не смее да има улога во иднината на регионот и мора да се повлече и разоружа.
