Претседателот на Собранието, Африм Гаши, остро ги осуди навредливите и ксенофобични скандирања кои се слушнаа на кошаркарскиот натпревар Македонија – Романија во Куманово.
Според него, спортот треба да биде мост на обединување, а не сцена на омраза и поделби. Гаши истакнувa дека општеството мора да се гради врз почит, достоинство и еднаквост за сите.
„Македонија е мултиетничко општество и Албанците се државотворен народ. Ги повикувам сите институции, партии и граѓани да застанеме заедно против омразата и да се издигнеме за поправедна и пообединета иднина“, порача собранискиот спикер.
Две лица се повикани во полиција за скандирање на говор на омраза во салата во Куманово
