Иако затворена уште во март и со конечно одземена лиценца на средината на мај, агенцијата за обезбедување Рубикон продолжила да наплаќа сметки од средни училишта во Скопје на чии тендери победила. Министерот Тошковски потврди дека лиценцата била одземена по трагичниот пожар во Пулс откако агенцијата без никаков договор го обезбеувала кочанското кабаре во кое загинаа 62-ца главно млади луѓе. МВР потврди дека полициските снимки од јунскиот Марш на ангелите ќе ги чува 6 месеци, а ги снимала родителите на загинатите по законски член кој наведува опасност на јавни собири.
Била затворена на 28-ми март, но агенцијата за обезбедување Рубикон која без никаков договор и без никакви процедури го обезбедувала кабарето Пулс, кобната вечер, продолжила да работи и да заработува до крајот на мај. Конечната одлука за одземање на лиценцата од страна на МВР била донесена на 15-ти мај, кога дописот е испратен и до надлежната Комора за обезбедување. И по тој датум, Рубикон продолжил да добива пари за свои услуги, две средни училишта во Скопје во три наврати му исплатиле околу 240 илјади денари или околу 4 евра-иако Рубикон останал без дозвола за работа. Министерот за внатрешни работи потврди дека лиценцата на Рубикон е одемена и дека продолжува истрагата за начинот како работела.
- Преземени се дејствија дополнително ќе ја информираме јавноста, еве ме информираат дека лиценцата е одземена. Веднаш после настанот пред месец дена е врачена забраната, само што добив информација, рече Тошковски.
Официјалниот сопственик на Рубикон, но и реалниот сопственик Александар Нацев се приведени- првиот е обвинет, вториот е осомничен и притворен. На барањата од опозицијата за оставка, Тошковски вели дека граѓаните гледаат кој работи.
- По не знам кој пат само ќе побарам од опозицијата да се фокусира на она на кое треба да се фокусира, а тоа е доброто на македонските граѓани, рече Тошковски и им порака дека имаат уште една прилика да го кажат она кое што го мислат, конкретно баш ме интересија, кои ќе бидат барањато на опозицијата после локалните избори.
Од МВР ни одговорија дека снимките кои ги правеше кочанската полиција на Маршот на ангелите на почетокот на јуни и кога беа снимани родителите на загинатите во Пулс ќе се чуваат 6 месеци.
- МВР: За снимањето на собири, според Законот за полиција, Член. 65, кога има опасност на јавните собири да се загрози животот, здравјето на луѓето и имотот, полицискиот службеник е овластен да изврши видео снимање или фотографирање на јавниот собир. Снимениот материјал се чува шест месеци, по што материјалот се уништува, освен материјалот што претставува доказ во кривична или прекршочна постапка, со кој се постапува согласно со закон.
Родителите тогаш бурно реагираа на полицајците-сниматели, а и тој, но и сите Маршеви на Ангелите посветени на жртвите на Пулс, завршија без инциденти.
Миомир Серафиновиќ