Вести Македонија Топ вести

Трамп досега не депортирал ниту еден македонски државјанин од Америка, дали претседателот на САД ги притиска балканските држави за прифат на депортирани

Трамп притиска балкански држави за депортација на мигранти

Откако новата американска администрација на претседателот Трамп почна со агресивни операции за протерување на странски државјани без регулиран престој во САД, ниту еден македонски државјанин не е депортиран и вратен во Македонија, ни одговорија од МНР.

Темата е повторно отворена со прашање дали и Македонија е меѓу државите кои како што наведува Блумберг се под притисок да прифатат депортирани од Америка.

Администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп врши притисок врз Србија и други балкански земји да прифатат мигранти депортирани од САД, објави денеска „Блумберг њуз“ и наведува дека регионалните канцеларии на Стејт департментот добиле задача да ја пренесат идејата на државите.

Во написот конкретно се спомнати Србија, Косово и Молдавија, а за Србија се наведува дека веќе била известена бидејќи српскиот претседател Вучиќ е еден од најверните поддржувачи на Трамп. Нема коментари од официјални претставници на двете држави.

Станува збор за поширока стратегија на САД за да ги принудат помалите држави да прифаќаат мигранти, објави агенцијата Блумберг.

Македонија во написот не е конкретно спомната, а на прашањата на Телма од МНР ни одговорија дека досега има договор за депортација на македонски државјани.

-Веднаш по доаѓањето на администрацијата на претседателот Трамп, беше испратено барање за прифаќање на македонски државјани кои престојуваат нелегално на територијата на САД, доколку таквиот статус биде утврден. Имајќи предвид дека станува збор за македонски државјани, Владата на Република Северна Македонија го прифати барањето за нивен прием во случај на депортација по тој основ, ни одговорија од Министерството за надворешни работи. 

Пред потпишувањето на договорот со Велика Британија, повеќе британски медиуми објавија дека Македонија е меѓу државите со кои се планира договор за прифаќање на баратели на азил во Обединетото Кралство, но владата и британскиот амбасадор негираа дека има таква последица на стратешкиот договор меѓу Лондон и Скопје.

Миомир Серафиновиќ

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

ЦУК: По невремето нема пријави за повредени лица, само материјална штета

Дејан Дејан

Невреме со дожд и град во Скопје

Дејан Дејан

Високи претставници на ЕУ ги осудуваат санкциите на САД против МКС

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе