Uncategorized

Драмски театар не ја додели наградата „Горан Стефановски“

Дијалогот на драмските дела во некои помалку во некои повеќе не е во целосна функција на отсликување на карактерите и не придонесува за развој на драмското дејство. Комисијата заклучи дека доставените драмски текстови и материјали се доставени до ниво на драмски скици- зачетоци на кои им е потребна доработка за да прераснат во квалитетни драмски текстови – Викторија Рангелова – Петровска, драматург и претседател на жири комисијата.

Вака претседателката на жири комисијата Викторија Рангелова- Петровска ја соопшти едногласната одлука наградата „Горан Стефановски“ за најдобар драмски текст од млад автор до 30 години да не се додели, при тоа додавајќи дека сето ова не треба да се толкува како дестимулативен потег, затоа што веруваат во потенцијалот на младите автори и нивната способност да испишат квалитетни драмски текстови кои во иднина ќе бидат поставени на сцената на Драмски театар.  На конкурст биле доставени четири драмски текстови на четири автори кои комисијата детално и аналитично ги разгледала.

  • Авторите на доставените драмски текстови обработуваат различни теми инспирирани од различни општествени состојби, по формата и структурата  драмските текстови во најголем дел се обидуваат да ја следат класичната драмска структура и затворена форма, но не успеваат докрај да изградат цврста драмска целовитост. Драмските ликови, карактери не се јасно дефинирани и развиени во однос на ситуациите во кои се поставени – Викторија Рангелова – Петровска, драматург и претседател на жири комисијата.

Директорот на Драмски театар, Вељановски рече дека верува во одлукта на комисијата во состав Викторија Рангелова-Петровска, (драматург и претседател на Комисијата) и членовите: Жанина Мирчевска (драматург), Венко Андоновски (книжевен теоретичар), Дејан Лилиќ (актер првенец) и Димче Николовски (режисер), затоа што станува збор за исклучително компетентни луѓе. Сепак ќе си земам за право, додаде тој дека  сето ова се должи и на кусите рокови затоа што конкурсот беше објавен на 5 февруари.

  • Токму од тие причини ние конкурсот за 2026 та година го отвораме денес и авторите ќе можат до 1 февруари 2026 та година да ги доставуваат текстовите, што значи дека ќе имаат доволно време да развијат концепт и да напишат драмски текст, дело кое што ќе биде сериозна конкуренција за доделување на оваа награда – Роберт Вељановски, директор на Драмски театар- Скопје.  

Резултатите од конкурсот ќе бидат објавени  на 27 април 2026 година, денот на раѓањето на Горан Стефановски. На крајот на краиштата согласни се и Вељановски и Рангелова- Петровска важно е да се создава квалитет, не по било која цена да се додели наградата, затоа што тој текст ќе се игра на сцената на Драмски, каде беа поставени повеќето текстови на великанот Горан Стефановски.

Нина Стефанова

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

АЗЛП – Гастро клиниката ги повредила личните податоци на пациентка

Дејан Дејан

Мицкоски: Светлината на Воскресението да биде водилка во заедничките напори за праведно и хумано општество

Дејан Дејан

Министерот без ресор Шабан Салиу со порака: Дали македонскиот правосуден систем е свесен дека намерно создаваат нови жртви?

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе