Осум дена ни трага ни глас од Миле Тодоров кој пред осум дена беше пријавен од семејството како исчезнат.
Дал отказ на работното место во Кавадарци и се упатил кон Неготино, по што му се губи трагата. Бил облечен во работничко одело, бело палто и црн елек. Последен пат бил забележан на 30 јануари во селото Марена, во Кавадарци.
Потрагата по 28 годишното момче од Неготино трае веќе осум дена а полицијата досега го најде само неговиот мобилен телефон кај реката Луда Мара.
Станува збор за момче спортист, висок околу 185 сантиметри, со кратка коса. Најблиските, но и надлежните апелираат доколку било кој има сознанија за случајот, веднаш да ја извести полицијата.
