Вести Македонија Најважни

Распишани меѓународни потерници по Артан Груби и Перпарим Бајрами

Министерството за внатрешни работи распиша меѓународни потерници за поранешниот вицепремиер Артан Груби и директорот на Државна Лотарија, Перпарим Бајрами, кои се товарат за проневера на околу осум милиони евра од Државна лотарија.

Јавното обвинителство вчера соопшти дека ќе побара од Министерството за внатрешни работи да распише потерница по овие две лица на кои Основниот кривичен суд им определи мерка притвор од 30 дена. Двете лица се недостапни за органите на прогонот.

Притвор од 30 дена им беше определен на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами.

Во истрагата се вклучени и други осомничени за злоупотреба на службената положба, примање поткуп и злоупотреба на јавни набавки.

МВР поднесе кривична пријава против осум лица за различни кривични дела.

МВР вчера пак соопшти дека поднеле кривична пријава за повеќе дела и против други лица поврзани со криминал во Државната лотарија.

Во обвинителството велат дека останатите работи од кривичната пријава се во фаза на проверка.

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и Груби се пријавени дека спротивно на законот овозможиле основање на Новата државна видеолотарија, а поранешниот генерален секретар Методија Димовски дека овозможил отворање на три нови лотарии за интернет коцкање.

Се очекува Обвинителството да нареди распишување на потерници за Груби и Бајрами

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пратениците му скроија пензија на Народниот правобранител Зибери на половина мандат- власта распиша оглас за нов омбудсман

Дејан Дејан

Прво закон за Судски, па кандидат од Вила Водно

Дејан Дејан

Мицкоски и Сиљановска со критики за случувањата во ЕП

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе