Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

Се очекува Обвинителството да нареди распишување на потерници за Груби и Бајрами

/

Македонија

Сподели преку :

Основното јавно обвинителство Скопје издаде наредба за објава на национална и меѓународна потерница за двајцата осомничени во истрагата за проневера во Државна лотарија.

Притвор од 30 дена им беше определен на поранешниот вицепремиер Артан Груби и поранешниот директор на Државна лотарија, Прпарим Бајрами.

Во истрагата се вклучени и други осомничени за злоупотреба на службената положба, примање поткуп и злоупотреба на јавни набавки.

Обвинителството ќе нареди распишување на потерници за Груби и Бајрами

По донесените решенија на Основниот кривичен суд Скопје со кое е определен притвор за двајца осомничени во истрагата за проневера во Државна лотарија кои се недостапни за органите на прогонот, Основното јавно обвинителство Скопје вечерва до министерството за внатрешни работи ќе издаде наредба за објава на национална потерница и изјава за распишување на меѓународна потерница. Продолжи со читање

telma.com.mk

МВР поднесе кривична пријава против осум лица за различни кривични дела.

МВР вчера пак соопшти дека поднеле кривична пријава за повеќе дела и против други лица поврзани со криминал во Државната лотарија.

Во обвинителството велат дека останатите работи од кривичната пријава се во фаза на проверка.

Поранешниот премиер Димитар Ковачевски и Груби се пријавени дека спротивно на законот овозможиле основање на Новата државна видеолотарија, а поранешниот генерален секретар Методија Димовски дека овозможил отворање на три нови лотарии за интернет коцкање.

Кривичен одреди 30-дневен притвор за Артан Груби

Кривичниот суд во Скопје им определи мерка притвор од 30 дена на Артан Груби и Перпарим Бајрами, а мерката ќе биде применета откако ќе бидат пронајдени и станат достапни за органите на прогонот. Oва е последна инфромација од судот. Министерството за внатрешни работи (МВР) претходно го известило судот дека двајцата осомничени за злоупотреби во Државна… Продолжи со читање

telma.com.mk

Да не избегаше пред акцијата, Груби немаше да добие притвор, смета поранешната обвинителка Вилма Русковска.

Одлуките на владата се колективни и за нив важи функционален имунитет, но доколку има криминал поврзан со нивно носење, треба да се најде одговорност, рече адвокатот Драган Малиновски во синоќешната Топ Тема на Телма.

Jumbo 2