Вo иднина точно ќе се знае каде се возат службените автомобил. Од Службата за општи и заеднички работи на Владата најавија дека сите возила на државните институции на територијата на Македонија, околу 6.500, ќе добијат специјални регистерски таблички во боја, за да се избегне нивната злоупотреба.
Со табличките во боја службените возила ќе се издвојуваат од приватните и лесно ќе се препознаваат во сообраќајот, а граѓаните ќе можат да пријавуваат нивна злоупотреба на телефонска линија кој ќе биде отворена за таа нaмена.
Предлогот за воведување регистарски таблички со посебна боја за службените возила, беше иницирано од претходниот состав на Антикорупциската комисија, поради индиции за тешки манипулации со службените возила во Владата, но уште повеќе на директорите на институциите.
ДКСК во 2022 година до Владата испратиле препорака, сите државни возила во земјава, без исклучок, да бидат обележени со црвени таблички.
Обележување на службените возила лани побара и претседателот на Стопанската комора на Македонија, Бранко Азески, за, како што изјави тогаш, тие да не се возат по ниви и во прељуба после работното време.
