Uncategorized

Коцевски: Досега немало случај за екстрадиционен притвор да биде определен куќен притвор

Снимките од видео надзорот на границата кон Косово ги анализира обвинител од обвинителството за гонење организиран криминал. Дали веке се назира патеката по која косовецот Блерим Рамадани избегал од куќниот притвор или за сега нема докази како ја минал границата, државниот обвинител Љупчо Коцевски за Телма вели дека за сега не може да открива детали но очекува предистрагата да заврши во краток рок.

Во врска со обвинувањата од  опозициската СДСМ дека поранешниот припадник на ОВК два пати ја минувал границата со помош на полициски структури и вработени во институциите Коцевски вели дека ги проверуваат не само тие два датума туку подолг временски период но и други апсекти на беството.

За постпаката за екстрадиција,  Коцевски смета дека Рамадани  не можел да ја повлече согласноста за екстрадиција по скратена постапка која ја дал првично во судот. Државниот обвинител Коцевски за Телма вели дека во неговата карирера не сретнал случај за екстрадиционен притвор да биде определен кукен притвор.

Кривичен ја одби екстрадицијата а Врховен суд го укина ова решение затоа што судијата не дал образложение зошто прифатил постапката за екстрадиција на Рамадани која почнала како скратена  да продолжи да се води како редовна.  Сега предметот за екстрадицијата на Рамадани повторно е на одлука пред Кривичен. Но според Коцевски постпаката треба да прекине затоа што  Рамадани е избеган.

Телма минатата недела објави и дека членот на Судкси совет  Александар Камбовски  поднел барање за поведување на постапка за нестручно и несовесно вршење на судијата Пајази Пајазити.

Елена Ивановска Мукоска

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Видео)Мицкоски задоволен од средбата со Мерц на вториот ден од Самитот ЕУ–Западен Балкан

Tea Dimkovska

Србите на кои им беше забранет влез во Црна Гора планирале собири за поддршка на Вучиќ

Дејан Дејан

Пропусти во исплатите и јавните набавки, склучување договори по истек на рок – вака се работело во Академијата за судии и јавни обвинители утврдија ревизорите

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе