„Јавна соба“ не е забава, „Јавна соба“ е кривично дело, а државата и институциите кои молчат и затвараат очи пред сексуалното вознемирање се сочуесници на насилниците и предаторите. Поплаки и пријави од жртвите во оваа група секојдневно пристигаат на адреса на невладините организации но и во МВР, а пријави и обвиненија нема. Пасивноста на надлежните при расветлувањето на овој скандал денеска е причина за денешниот протест на кој им беше дадена поддршка на жртвите од „Јавна Соба“ и уште еднаш беше побарано админситраторите на групата и оние кои споделувале слики и видео записи да се соочат со кривчно гонење.
На протестот се обрати Ана Колева, шртва на предаторите во групата, која прва прговори во јавноста за пеколот низ кој минала.
Адвокатката Марта Гусар, која застапува жртви на семејно насилство, заврши во групата Јавна Соба каде беше објавен нејзиниот телефонски број. Таа ги охрабри жртвите да ги пријавуваат предаторите во полиција.
А надлежните продолжуваат да тапкаат во место. И МВР и Обвинителството проблемот го лоцираат во отсуство на соработка од платформата „Телеграм“. Четворица приведени и предистрага која трае речиси една година се информациите кои овие две институции ги споделуваат со денови. Токму затоа и претседателот Пендаровски порача дека треба да се повикаат на одговорност раководните лица на институциите кои треба да постапуваат.
Огнен Чанчаревиќ