Uncategorized

РЕК Битола стави во функција два блока

РЕК Битола стави во функција два блока и испорачува електрична енергија во македонскиот електроенергетски систем.  Денес, во 11:45 часот, во функција е ставен Блок 1. Претходно, за време на викендов на мрежа беше и Блок 3.
Блок 1 на РЕК Битола беше надвор од функција од петокот заради испадот на 110 киловолтната собирница на МЕПСО.  Заради прекинот во напојувањето, одложени беа и операциите за пуштање во финкција на Блок 3. Високите температури пак кои деновиве надминуваат 40 степени за 25 отсто ја зголемија потрошувачката на струја поради што потребните количини се надоместуваа со набавки и од хидроцентралите.
Од РЕК Битола инофрмираат и дека ремонтините активности на Блок 2  продолжуваат согласно предвидената динамика.
Ова не е прв пат да се случи ваков проблем. И во текот на зимата  кога температурите  беа длабоко под минусот РЕК Битола работеше со само еден блок. Тогаш од ЕСМ и Мепсо се препукуваа во чија сопственост е проблематичниот далновод поради кои настана проблемот.

 

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Пакистан тестираше балистичка ракета во услови на тензии со Индија

Дејан Дејан

Никој не сака во име на Владата да става смајлиња и лошковци на новинарските и медиумските известувања, но распишан е нов тендер

Дејан Дејан

Им го завртија грбот на политичарите, побараа минималец од 500 евра и „првомајски“ порачаа – нема да запреме

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе