Uncategorized

Макрон: Не треба да се исклучи можноста за испраќањето на западни трупи во Украина

Францускиот претседател Емануел Макрон ги предупреди западните сили да не покажуваат знаци на слабост кон Русија, и ја повтори својата позиција дека не треба да се исклучи можноста за испраќање западни трупи во Украина иако моменталната ситуација, според него, се уште не го барала тоа.

Макрон, кој е врховен командант на вооружените сили на земјата, одби да опише во која ситуација Франција би била подготвена да испрати војници. Тој додаде дека одговорноста за поттикнување на таков потег ќе биде на Москва и дека Франција нема да води офанзива во Украина против Русија туку дека би и помогнала на земјата во одбраната.

„Имаме една цел: Русија не може и не смее да победи во оваа војна. Две години и помагаме на Украина и ако работите излезат од контрола, одговорноста ќе биде исклучиво на руската страна“, порача францускиот претседател.

Макрон најави дека во наредниот период ќе работи на обезбедување дополнителна поддршка за Украина на состанокот закажан со германскиот канцелар Олаф Шолц и полскиот премиер Доналд Туск во Берлин.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Изборниот процес тече мирно – дел од граѓаните гласаат и за двата избори, а некои само за парламентарни

Дејан Дејан

Осигурителните компании разочарани откако им го укинаа поскапувањето за регистрација

Сашо Чавдаров

Полицијата влезе во кампусот на „УКЛА“: Пропалестинските демонстранти остануваат и покрај наредбите да си заминат

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе