Како што дознава Телма од владини извори на денешната владина седница донесена е одлука четирите предлог закони за стратешки инвестициски проекти да се повлечат од Собрание.
Телма веќе информираше дека во четвртокот (22.02.2023) стратешките закони иако беа ставени на дневниот ред во Собранието, комисиската расправа беше одложена без да се прецизира кога продолжува.
За овие стратешки инвестиции изминатиот период имаше низа реакции во јавноста особено за Митилинеос кој треба да гради централа во Железара. За овој проект и министерот за економија на последните две владини седници бара повлекување на прелог законот и нови преговори со инвеститорот.

Битиќи контра министерот за економија. Вицепремиерот смета дека во предлог-законот за централата во Железара која треба да ја гради грчки Митилинеос, а којшто е во Собрание нема ништо спорно. Од друга страна пак, министерот за економија на владина седница ќе бара предлог-законот да се повлече, а преговорите со инвеститор да почнат одново. Причината за тоа… Продолжи со читање
Претходно и дел од експертите реагираа дека со предлог законот за Митилинеос , грчкиот инвеститор ќе се богати, а државата ќе трпи огромни штети.

Владата одлучува дали ќе се повлече предлог законот за Митилинеос кој треба да ја гради новата когенеративна централа во Железара која ќе произведува и струја и топлинска енергија. Разговорите за оваа точка почнаа уште минатата владина седница, но се одлучи да продолжат оваа. Министерот за економија рече дека ќе бара повлекување на предлог законот, а… Продолжи со читање












