Вести Свет Топ вести

Бајден до понеделник очекува договор за прекин на огнот и заложниците меѓу Израел и Хамас

Претседателот Џо Бајден изрази надеж дека договор за прекин на огнот кој ќе стави крај на непријателствата меѓу Израел и Хамас и ќе овозможи ослободување на преостанатите заложници може да стапи на сила до почетокот на следната недела. На новинарско прашање за тоа кога би можело да почне примирјето, челникот на Белата куќа одоговори:

„Па, се надевам дека до почетокот на викендот, мислам на крајот на викендот, барем мојот советник за национална безбедност ми рече дека сме близу. Сè уште не сме готови. И мојата надеж е до следниот понеделник, ќе имаме прекин на огнот“.

Во тек се преговори за прекин на огнот меѓу Израел и Хамас за да се овозможи ослободување на заложниците што се држени во Газа од страна на милитантната група во замена Израел да ослободи стотици палестински затвореници.

Предложената шестнеделна пауза во борбите ќе вклучи и дозволување на стотици камиони да ја доставуваат очајно потребната помош во Газа секој ден.

Преговарачите се соочуваат со неофицијален краен рок до почетокот на светиот муслимански месец Рамазан околу 10 март, период во кој често се засилени израелско-палестинските тензии.

„Израел не ја исполни наредбата на највисокиот суд на Обединетите нации за обезбедување итна помош за луѓето во Појасот Газа“, објави во понеделникот „Хјуман рајтс воч“, еден месец откако значајната пресуда во Хаг му нареди на Израел да ја ублажи својата војна.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

Тревата пред Влада бара одговорност

Дејан Дејан

100 дена со Талат Џафери како технички премиер

Дејан Дејан

200 по 200 денари до 2,4 милиони евра, колку пари се собираат од давачката пристап до мрежа во сметките за струја

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе