Вести Македонија

Застреланиот Туша го нашол братот полицаец

Телото на застреланиот Зељќиф Туша кај Блаце го пронашол неговиот брат кој е полицаец. Насер Туша е чичко на притворениот Гани (осомничен за учество во убиствата во Шиша бар и на Халкидики), а е вработен во МВР, во интервентната полиција.

Насер Туша пријавил дека околу 18:10 часот го нашол застреланиот брат во близина на скопското село Блаце.

Како што веќе објави Телма, рано наутро бил запален и угостителскиот објект “Барон” во Чаир, место кое има осто име како и криминалната група Барон чиј припадник е притворениот Гани Туша.

Убиениот е таткото на Гани Туша, кој е осомничен за убиството на Орхан Бајрами – Оки летоска на Халкидики и за вмешаност во убиството на Јетон Кривањева – Жила и Енис Исеионов во Шиша бар во Скопје пред една година.

КОД објави и неколку истражувања и за пресметките на скопските нарко банди. По убиствата кои се дел од овие пресметки Гани Туша е во притвор во Скопје.

Гани Туша е припадник на групата Барон/Беланоца која е во војна со групата Дуќанџик/Грчец за превласт на скопскиот нарко пазар.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

„Си-Ен-Ен“: Главната борба не се води на истокот на Украина, туку околу Трамп

Дејан Дејан

Либералот Тшасковски и десничарот Навроцки во тесна трка во вториот круг – претседателски избори во Полска

Дејан Дејан

Сончево со мала до умерена облачност – Временска прогноза за 20.5.2025

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе