Вести Македонија Топ вести

Бојан Маричиќ во Топ Тема: Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши

Во вечерашната Топ Тема првиот вицепремиер Бојан Маричиќ истакна дека ние никого не сме известиле дека нашите патни исправи не важат, туку едноставно стапиле на сила роковите од Преспанскиот договор.

„Ние треба да гледаме од аспект на граѓаните. Со законот само дополнително се внесува правна несигурност и проблеми на границите може да имаат граѓаните. Се додека немаме официјално известување од ниту една држава членка на ЕУ“, смета тој и истакнува дека за враќање во државата најсигурно е со патен лист така никој нема да им прави проблем на граѓаните.

  • Врз основа на статистиката до сега имаме издадено околу 1.350.00 пасоши, овој месец заклучно со оваа недела се пристигнати речиси 300.000 нови обрасци. Тие обрасци обезбедуваат една динамика за секој да се печатат пасоши до јуни. Тоа значи дека на 1.350.000 ќе се додадат уште 300.000. Во јуни пристигнува нова тура обрасци од околу 300.000 и практично до септември ќе се издадат околу 1.900.000 пасоши. Што е и вкупниот број на граѓани, бидејќи пасоши не вадат сите и не се заинтересирани да имаат пасоши, рече Маричиќ.

Тој вели дека не му е помило строгото спроведување на Преспанскиот договор, но дека ниту една држава, освен Швајцарија нема испратено на писмено дека може со стари пасоши нашите граѓани да ја напуштат државата. Маричиќ повтори дека во три соседни држави може да се патува само со лична карта, но во Босна и Херцеговина и во Црна Гора само со нова.

© 2020 Телевизија Телма. Сите права се задржани. Овој текст не смее да се печати или емитува, во целина или во делови, без договор со Телевизија Телма.

Поврзани содржини

(Фото) Град со големина на орев се истури врз кумановско-липковскиот регион

Дејан Дејан

Вучиќ: Не очекувавме дека некои земји ќе ни забијат нож во грб

Дејан Дејан

(Видео) Жена загина во Сомбор, причинета материјална штета и црвен метео аларм – силно невреме во Србија, во Хрватска, во БиХ

Дејан Дејан

Користиме колачиња на нашата веб-страна за да ви го дадеме најрелевантното искуство со запомнување на вашите преференции и повторни посети. Со кликнување на „Прифати“, вие се согласувате да се користат колачиња. Прифати Прочитај повеќе