Со сослушување на вештото лице кое го изработи вештачењето на барање на одбраната на тројцата обвинети лекари од Струшката болница, денеска во Струга продолжи судскиот процес за случајот со родилката од Дебар, Јилдиз Веапоска, која при породувањето остана без, матка, бубрег и јајник.
Вештачењето на одбраната е спротивно со она на Судска медицина и вештакот тврди дека лекарите не направиле пропсут при лекувањето туку спасиле еден млад живот.
- Самиот вештак не даде конкретен одговор на моите вкрстени прашања. Јас затоа сум убеден дека има само едно вештачење, а тоа е на судска медицина, кое покажува дека се пропуштени многу работи при операцијата“, изјави Сашо Јанев, адвокат на Јилдиз Веапоска.
Веапоска, пак се прашува како лекарите во Болницата во Струга и го спасиле животот, кога во кома и без три органи била пренесена на скопските клиники каде имала уште една операција.
- Овие доктори не ми го спасија животот, овие доктори ми го упропастија животот, ме направија инвaлид, не можам повеќе да раѓам и не можам повеќе да имам деца, изјави Веапоска.
Адвокатот на еден од обвинетите лекари, Александар Новаковски вели дека ќе следи усогласување на двете вештачења, а потоа ќе се одлучува за дополнителни предлози.
- Медицински различни се спротивставени тврдењата за тоа дали било неопходно да се направи хистериктомија или не и како настанале повредите. Стручните лица треба да се усогласта а стои и опцијата за супервештачење, рече Александар Новакоски. Адвокат
Тројцата обвинети лекари Мухамед Асани, неговиот син Блертон Асасани и Лилјана Јованоска, се товарат за предизвикување тешки дела против здравјето на луѓето. Асани и денеска не сакаше да зборува пред камера
- Докторе може да го слушнеме вашиот став?
- Ќе го слушнете на крај, рече обвинетиот Мухамед Асани.
Судењето продолжува во април.
Емилија Мисирлиевски