Generic selectors
Exact matches only
Search in title
Search in content
Post Type Selectors

ИСПРАВКА: Прекинат договорот со приватниот институт на сеизмологот Михаил Гаревски за мостот „Беласица“

/

Македонија

Сподели преку :

ИСПРАВКА (Направена во 23:40 на 25.01.2024.):  Прекината е соработката со приватниот институт на сеизмологот Михаил Гаревски за мостот Беласица.

Тој во изјава за Телма рече: Јас велам требаше ние тоа да го направиме, тие го прекинаа договорот не знам од кои причини и како и јас понатака не знам што се случува навистина.

ИСПРАВКА (Направена во 23:40 на 25.01.2024.): По емитување на прилогот, преку социјалните мрежи, Гаревски реагираше и соопшти дека не мислел на градот Скопје туку на ЕСМ. Гаревски не реагираше до ТВ Телма или до авторката на прилогот туку по три емитувања на прилогот и неколку часа по објавениот текст на веб сајтот на Телма, тој се огласи со пост на ФБ.

-Тврдењето на Телма дека градот Скопје го прекинал договорот со мојот институт воопшто не е точен, бидејќи договорот за експертизата во целост беше испочитуван. Договорот кој ТЕЛМА го спомнува беше потпишан помеѓу мојата институција и ЕСМ, а се однесуваше за проектот за санација на мостот, за надзор на изведбата на санацијата и пробно товарење на мостот. Овој договор после еден ден од потпишувањето беше прекинат од страна на ЕСМ, а не од градот Скопје. Тоа и го изјавив на интервјуто кое ми го направи ТЕЛМА, но за жал оваа моја изјава не беше прикажана. Очекувам од ТЕЛМА во најкраток можен рок да ја исправи грешката и корегира веста, напиша Гаревски на ФБ.

Градоначалничката Данела Арсовска прво го ангажираше градежниот факултет да направи инспекциски надзор на мостот ,па откако деканот ги кажа опасностите ја раскина врската, па задачата му ја даде на Институтот за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

ИСПРАВКА: (Направена во 23:40 на 25.01.2024)  Сега е прекинат и последниот договор со неговиот институт, тврди за Телма Михаил Гаревски.

Останува нејасно кој ќе стави потпис, за да се пушти во целосна употреба мостот Беласица

„Ние дадовме дека мостот е во ред, еве дури имаше критики и од колегите дека лежиштата на мостот не чинат. Ние во експертизата децидно кажавме дека тие се комплетно во ред и дека нема потреба од никакво нивно менување и не знам тоа е сега веќе до градот и до Есм. Јас навистина немам увид ниту во санацијата, ниту во пробното товарење. Ние имавме и математички модел на мостот, ги знаеме поместувањата од пробните товарења, но немаме увид и во изведбата и пробното товарење. Тоа е задолжително за да се види дали е мостот навистина сигурен и после тоа да се пушти. Но, јас велам требаше ние тоа да го направиме, тие го прекинаа договорот не знам од кои причини и како и јас понатака не знам што се случува навистина“, вели за Телма проф. д-р Михаил Гаревски Институт за сеизмички отпорни градби и климатски промени.

Половина година мостот „Беласица“ е делумно пуштен во употреба, а градот Скопје донесе одлука по него да транзитираат само лесни возила. Освен граѓаните кои се пожалија на метеж во сообраќајот во тој дел од градот, со проблем се соочува и меѓународниот патнички сообраќај. Трасата им е сменета, а тоа претставува дополнителен проблем особено во попладневните часови кога е најголема раздвиженоста на возила вели за Телма Денис Омерагиќ. Упати апел до надлежните час поскоро да го решат проблемот.

„Ни претставува проблем. Делумно на сите превозници им претставува проблем во тој регион каде што патуваат, Гевгелија, Струмица итн. Претставува проблем во попладневните часови, така да голем проблем е. Дали се жалат патниците? -Се жалат да, губат повеќе од 15-тина минути. Ви кажаа ли кога би се решил овој проблем?- Не, немаме никаква информација од градот Скопје, ни дали работат на решавање на проблемот, ни дали ќе го решат во брзо време“, вели за Телма Денис Омерагиќ раководител на патнички сообраќај.

Ги прашавме град Скопје што се случува со мостот, кој е еден од главните сообраќајни артерии, до каде е санацијата и кога целосно ќе биде пуштен за сообраќај, но одговори не добивме. Подолг период ЕСМ и град Скопје се натегаа за тоа под чија надлежност се работите, односно кој што треба да заврши, а претседателот на регулаторна Марко Бислимовски неколку пати упати апел до двете институции да се договорат за да може да се стават новите цевки за парно, за граѓаните да не се соочат со ценовен шок. И од институтот за земјотресно инженерство се пожалија што од нив како релевантна институција никој не побарал никаква помош ниту мислење. Мостот Беласица беше оштетен во пожар кој се случи лани во месец мај.

Симона Петровска

Jumbo 2